Западните земји во четврток ќе објават нови санкции кон Русија и ќе ги зајакнат постојните, соопшти Белата куќа.
Како што беше претходно најавено, американскиот претседател Џозеф Бајден во четврток ќе присуствува на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел. На тој ден во Брисел ќе се одржи вонреден самит на лидерите на НАТО посветен на руската инвазија на Украина.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека САД не забележале оти Кина и доставува воена опрема на Русија по неодамнешниот разговор меѓу претседателите на САД и Кина, Џозеф Бајден и Кси Џинпинг.
Саливан додаде дека САД продолжуваат да ги следат активностите на Кина.
Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари и оттогаш дел од меѓународната заедница воведе санкции кон Москва.