Белата куќа предупредува: Заканата е реална

од Симе Стоиков
155 прегледи

Непосредната закана од ирански напад врз Израел е реална, соопшти денеска Белата куќа, без да даде детали за времето на нападот.

Белата куќа соопшти дека САД ја сфаќаат својата посветеност да го бранат Израел многу сериозно, објави Ројтерс.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби додаде дека САД исто така ја разгледуваат позицијата на силите во регионот во моментите на заканите од Техеран и многу внимателно ја следат ситуацијата. Попладнево американски CBS News објави дека Израел се подготвува за најлошото сценарио, за кое израелските власти веруваат дека може да се случи за само неколку часа – Иран да го нападне директно Израел, како одмазда за нападот на Израел во Дамаск врз конзулатот на Иран, во кој загинаа неколку ирански воени службеници.

Иран вети дека ќе му се одмазди на Израел за убиството на луѓето од конзулатот, кој беше погоден на 1 април.

Двајца американски функционери изјавија за Си-Би-Ес дека голем ирански напад врз Израел би можел да се случи денеска, користејќи повеќе од 100 дронови и десетици проектили насочени кон воени цели во Израел.

Слични содржини