САД ќе го променат приоритетот на планираната продажба на оружје, така што „Патриот“ и другите ракети да стигнат во Украина, на која „очајно и треба“ поголем капацитет за воздушна одбрана поради војната со Русија, изјави денеска портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.
Претходно денеска „Фајненшл тајмс“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да ги суспендира сите сегашни нарачки за системи за противвоздушна одбрана и ракети пресретнувачи „Патриот“ и да ја пренасочи нивната испорака во Украина додека не се задоволат одбранбените потреби на земјата.
Како што пренесува Ројтерс, Украина бара американски ракетни системи Патриот кои се покажаа како витални за способноста на Киев да соборува руски балистички и хиперсонични ракети.
Агенцијата потсетува дека Украина неодамна ги зголеми барањата за ракети по руските напади врз енергетскиот сектор на земјата. Претходно овој месец, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објави дека неговата земја ќе испорача уште 100 системи Патриот на Украина, пренесува Танјуг.