Белата куќа: Трамп јасно му стави до знаење на Хамас дека ќе живеат во пекол ако не ги ослободат сите заложници

од Milan1
24 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп „целосно ги поддржува Израел и израелската војска и акциите преземени во последните денови во Појасот Газа“, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, објавија дел од медиумите.

-Американскиот претседател јасно му стави до знаење на палестинското движење Хамас дека ќе живеат во пекол ако не ги ослободат сите заложници, а Хамас за жал избра да игра медиумска игра со човечки животи, рече таа.

Портпаролката на Белата куќа додаде дека Хамас „целосно е виновен за оваа ситуација поради неговиот насилен напад врз Израел на 7 октомври 2023 година“.

Палестинското исламистичко движење соопшти дека денеска истрелало ракети кон Тел Авив, што е прв одговор по обновувањето на израелските воздушни и копнени операции во понеделникот вечерта.

Според Цивилната одбрана на Газа, најмалку 504 лица, меѓу кои повеќе од 190 малолетни, се убиени од обновувањето на израелските напади.

Слични содржини