Белата куќа: Трамп предложи Америка да ја преземе сопственоста на украинските електрани

од Milan1
111 прегледи

Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, на брифинг со новинарите рече дека САД ќе продолжат да споделуваат разузнавачки информации со Украина и дека Трамп и предложил на Америка да ја преземе сопственоста на украинските електрани за да ја обезбеди нивната безбедност.

Како што изјави таа, Трамп рече дека САД би можеле да бидат „од голема помош“ во управувањето со украинските нуклеарни централи и дека американската сопственост на овие капацитети ќе биде најдобрата заштита на инфраструктурата и поддршка за енергетската инфраструктура на Украина.

Таа посочи дека Трамп и Зеленски се договориле да соработуваат за „вистински“ крај на војната и дека Трамп го информирал Зеленски за вчерашниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Сега имаме делумен прекин на огнот, но претседателот оваа недела го испраќа својот високо обучен тим во Саудиска Арабија да се бори за мир“, рече Левит.

Слични содржини