Белата куќа: Нема евиденција за посетители на домот на Бајден каде се пронајдени документите

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Канцеларијата на Белата куќа денеска соопшти дека не постои евиденција за посетители на домот на американскиот претседател Џозеф Бајден во Вилмингтон, Делавер, каде се пронајдени доверливите документи од неговите потпретседателски денови, бидејќи станува збор за приватна резиденција.

Републиканскиот претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом во неделата побарал евиденција за посетителите на домот на Бајден во Вилмингтон, откако беа пронајдени доверливи документи во неговата канцеларија и гаража, пренесува „Ројтерс“.

Американското министерство за правда во петокот објави дека ќе назначи специјален обвинител кој ќе ја надгледува истрагата за т.н. „документи на Бајден“.

Слични содржини