
Советникот во Општина Центар, Јана Белчева Андреевска побара повлекување на планот за Мал Ринг ставен на јавна расправа за идната недела.
Според неа, со предложениот план се покажува дека локалните власти и надлежните институции не ги разбираат, следат, ниту предлагаат решенија за одржливи, зелени и отпорни градови по мерка на човекот.
– Ова е план без визија и без показатели за тоа како сакаме да изгледа Скопје како иден и нов европски главен град. Сметам дека Мал Ринг бара посебно внимание и разработка за да се преобрази во склад со потребите, за да ги надмине неопходните квалитативни и ететски недостатоци утврдени низ бројни студии и анализи, вели таа.