157
Белгијката која ги уби своите пет деца е еутаназирана на нејзино барање, 16 години по убиствата, јави денеска Би-Би-Си.
Женевиев Лермит (56) на 28 февруари 2007 година ги уби синот и четирите ќерки на возраст од три до 14 години, додека таткото не бил во близина.
Потоа се обидела да се самоубие, но не успеала и на крајот повикала брза помош.