Белгија ја тресе сериозен скандал – елитните клубови обвинети за местење натпревари

од Симе Стоиков
221 прегледи

Белгиските фудбалски клубови Генк и Вестерло се обвинети дека го наместиле натпреварот од 30. коло на белгиската лига одигран на 17 март.

Натпреварот заврши со резултат 1:1, а сомнеж внесоа последните пет минути од овој натпревар. Забележано е дека од 86. минута до крајот на мечот, домашните играчи бесцелно додаваат само за да помине времето додека играчите на Гент делуваа целосно незаинтересирано, а потоа пред крајот на натпреварот играчите почнаа да се поздравуваат.

Федералното обвинителство бара казни и за тренерите и за 21 играч (Генк играше со десет играчи од 71 минута), како и поединечна казна од 1.000 евра за секој играч. Исто така, Вестерло и Генк ќе треба да платат по 10.000 евра.

Со овој резултат тимот на Вестерло избегна испаѓање од лигата, додека тимот на Гент обезбеди плеј-оф и ќе има можност да се бори за трофејот и европските натпреварувања.

Слични содржини