220
Белгија ќе одбие влез во земјата на израелските доселеници од окупираниот Западен Брег, кои учествувале во насилството врз Палестинците, изјави денеска вицепремиерката Петра де Сутер.
Европската унија го осуди порастот на насилството меѓу доселениците што започна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, а САД оваа недела воведоа визна забрана за лица обвинети за учество во такво насилство.
„На доселениците вклучени во насилство нема да им биде дозволено да влезат во Белгија и ќе предложам Белгија да се залага за забрана за патување ширум ЕУ“, напиша Де Сутер на Х.
Белгискиот премиер Александре де Кроа вчера нагласи дека Брисел ќе соработува со САД на изготвување санкции против луѓето кои го попречуваат мирот на Западниот Брег.