26
Белгија од 1 јануари ќе ја забрани продажбата на електронски цигари за еднократна употреба поради здравствени и еколошки причини, објави денеска белгискиот министер за здравство Франк Ванденбрук и посочи дека тоа е „пионерски потег на земја членка на Европската унија“.
Ванденбрук истакна дека евтините електронски цигари станаа закана за здравјето бидејќи компаниите што ги произведуваат лесно ги привлекуваат тинејџерите да ги купат и развиваат зависност од никотин, пренесува АП.
„Електронските цигари за еднократна употреба се нов производ кој едноставно е дизајниран да привлече нови потрошувачи. Електронските цигари содржат никотин, кој предизвикува зависност, а никотинот е штетен за вашето здравје. Ова се фактите“, нагласи Ванденбрук.