Белгијците треба да плаќаат повеќе за омилениот помфрит

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Поради зголемените цени на енергијата, суровините и работната сила, Белгијците мораат да платат повеќе за омилената храна – помфритот.

Белгија е најголемиот светски извозник на компири и други производи од замрзнат компир, преработувајќи 5,3 милиони тони компири секоја година и ги испраќа до клиентите во повеќе од 160 земји.

„Компирите, се разбира, се толку важен производ за Белгија што емотивно, кога порцијата се зголемува за 10 или 20 центи, тоа е многу попогубно од машината за перење или пар чевли“, рече Бернар Лефавр, претседател на националниот сојуз на производители на помфрит за Ројтерс.

Покрај високите цени на енергијата, кои ги погодуваат домаќинствата и бизнисите речиси насекаде, Белгијците мора да ја почитуваат и забраната за употреба на вилушки и чинии за еднократна употреба, кои традиционално се претпочитаат за компири.

„Потребен ни е гас за да направиме компири. Не можете да пржете компири со свеќа“, рече Лефавр, кој очекува цените да се зголемат за околу 10 отсто во наредните месеци, откако останаа практично непроменети во последните две години.

Пандемијата на коронавирус доведе и до недостиг на сосови, вклучително и мајонез, кои Белгијците ги сметаат за задолжителни кога консумираат компири.

За Бертранд Баласи, кој нуди компири во уличен ресторан во Брисел, поскапувањето е неизбежно.

„Има поскапувања за многу работи, како што се мастите, компирите, енергијата. Така, дури и ако знаеме дека цената на компирот е симболична, можеби ќе треба да ја зголемиме за да можеме да продолжиме да нудиме квалитетен производ“, изјави Баласи за Ројтерс.

Слични содржини