Белгиската полиција уапси 7 лица под сомнение дека подготвувале терористички напад

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Белгиската полиција уапси седум лица под сомнение дека подготвувале терористички напад, соопшти денеска обвинителството.

Осомничените разговарале за неколку сценарија за нападот во Белгија, но се уште не одлучиле за целта, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

„Се зборуваше за згради на НАТО, но во моментов тие планови не изгледаат конкретни“, изјави портпаролот на полицијата за белгискиот весник „Де Стандард“.

Слични содржини