Белгискт суд пресуди дека мерките на владата за затворање на кафулињата и рестораните поради коронавирусот биле незаконски. Судиите ѝ дадоа рок од 30 дена на владата да ја поништи одлуката.
Ограничувањата наметнати од министерката за внатрешни работи, Анализа Верлинден биле незаконски затоа што таа немала овластување да донесе такво решение, соопшти судот, пренесува телевизијата „РТБФ“.
Судот исто така го критикувак фактот дека Државниот совет не бил вклучен во донесувањето на одлуката.
Тужбата е поднесена од педесетина ресторани и угостителски здруженија од Валонија.
На крајот на март, судот веќе соопшти дека недостасува правна основа за ограничувањата поврзани со коронавирусот, бидејќи одлуките биле донесени врз основа на министерска уредба.
Владата поднесе жалба на новата одлука, а судот ќе донесе одлука за тоа на 18 мај.
Во исто време, владата работи на пандемски закон за кој во моментов се расправа во парламентот и може да послужи како правна основа за затворање на кафулињата и рестораните.
Фото: Nancy Luna