Воздухот во Белград утринава бил загаден поради зголемено присуство на честичките ПМ 10 и ПМ 2,5, пренесува Танјуг.
Од осум мерни места, седум добиле оценка „загадено“, додека на осмото во Лазаревац оценката била „многу загадено“.
Параметарот ПМ 2,5 во црвената зона е на седум мерни места, а виолетова – многу загадено со измерени 120 во Лазаревац.
Според Бета, Белград утрово, според веб-страницата „IQAir“, бил градот со најзагаден воздух во светот.
Зад Белград останале индиски Делхи, Карачи во Пакистан, кинески Вухан, Мумбаи во Индија, Краков во Полска, Калкута во Индија.
Не е првпат Белград да биде најзагаден во светот.
Фото: ZORAN ILIĆ / RAS SRBIJA