Белград и Сараевo утрово едни од најзагадените градови во светот

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Белград утрово е четврти најзагаден град во светот, а воздухот во главниот град на Србија е оценет како нездрав на сајтот „IQair“.

Според пресекот во 8 часот на таа веб-страница, индексот на загаденоста на воздухот во Белград е 170, со концентрација на ПМ2,5 честички 18,4 пати поголема од препораката на Светската здравствена организација (СЗО).

Најзагаден град утринава е Лахоре во Пакистан со индекс на загаденост 226, потоа Делхи во Индија со индекс 201 и Сараево во Босна и Херцеговина со 176.

Слични содржини