Белградскиот аеродром со кој управува француската „Ванси“ преку концесија, во текот на ноември имаше рекорден број патници и го надмина планираниот сообраќај за оваа година.
Во текот на ноември, белградскиот аеродром услужил над 439 илјади патници, што претставува зголемување од 3,4 отсто во однос на претпандемиската 2019 година. Во исто време, ова е првиот месец од февруари 2020 година што ги надмина перформансите од 2019 година.
Аеродромот во периодот јануари-ноември услужил 5,13 милиони патници, што е за 10 отсто пониско во однос на истиот период од 2019 година, но над планот на управата, која предвидуваше да достигне ниво од пет милиони патници во целата година.
Се очекува аеродромот да има добар сообраќај и во декември, со отворени две нови линии кон кинескиот град Тијанџин и шпанска Малага.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ изјави дека француската Ванси досега вложила 150 милиони евра од вкупно 732 милиони евра во реновирањето и изградбата на „Никола Тесла“, а белградскиот аеродром ќе може да прими 15 милиони патници веќе во пролет три пати повеќе од денес. Само до крајот на оваа година аеродромот ќе има повеќе од шест милиони патници и по број на патници ќе биде убедливо најголем во овој дел од Европа“, рече Весиќ.