Бели божиќни украси за вашиот дом

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Божиќната декорација е во основата на новогодишното или божиќното расположение. Што е празник без празнична атмосфера? Важно е храната на празничната трпеза да постои, бидејќи без неа празникот е незамислив, но декорацијата е повеќе од задолжителна.a8627d2f828d6d0d502e1002e91dc89e

Ќе ви понудиме неколку инспиративни идеи за празнична декорација во бело, од која блеска нежност, чистота и мир.0dc0ea8d99e32e7f4cd1b1ea7883a097

Шишињата, обложени во бел вештачки снег се прават лесно. Само намачкајте го шишето со малку лепак, тркалајте го во вештачки снег и почекајте да се исуши. Во него можете да поставите како вистински цвеќиња, така и вештачки.b00a6bf5202bb88f55d92d1e929f64b1

Екстравагантно средена стаклена вазна е другиот начин да го декорирате вашиот дом. Земете суви гранчиња, кои ќе ги ставите во вазна. Околу неа ставете суви конуси, попрскајте со бел спреј. Можете да ги попрскате и сувите гранчиња, ако сакате.6cb6b0ee5f9c4cae7f62757f1a0ddfd5

Ако паѓате на посветкав стил, внесете повеќе сјај во декорацијата. Во голема стаклена вазна или сад ставете различни стаклени, кристални или брокатни елементи – играчки, венци, топки, бисери – како ќе ви текне.5fa0ade0573aecd7c594f9121e82d82b

Свеќите се исто така еден од најдобрите начини да го декорирате вашиот дом. Ставете во аглите на просториите или на масата сребрени гламурозни свеќници. Околу нив додадете уште сјај со помош на нежни венци и бисери. За повеќе расположение можете да ги бојадисате стаклените свеќници со сребрен спреј.