Белингем во неволја, го чека подолга суспензија

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Кавгата на Џуд Белингем со судијата по натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој заврши 2:2 во Ла Лига, може скапо да го чини.

Судијата Хил Манзано свирна крај на натпреварот во средата, само неколку секунди пред Белингам да го постигне голот што ќе му донесе победа на Мадрид.

Следеа жестоки протести, а Англичанецот беше најагресивен. За тоа судијата му додели директен црвен картон.

Овој тип на прекршок обично резултира со суспензија од минимум три натпревари. Се чека одлуката на дисциплинската комисија, а Реал веќе најави жалба, доколку не бидат задоволни од пресудата.

Слични содржини