Белите лавови евакуирани од Харков во зоолошката градина во Одеса

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Војната што Русија ја започна во Украина расели милиони луѓе, но вооружениот конфликт погоди и помалку видливи жртви – животните.

Додека многу домашни миленици се напуштени и шетаат по улиците, некои животни во зоолошките градини, погодени од ракетi, најдоа нов дом.

Неколку бели лавови беа евакуирани од екопаркот во Харков во зоолошката градина „Одеса“ во градот Одеса, поради руските напади во Украина.

Директорот на зоолошката градина во Одеса, Игор Бељаков, отиде во Харков да донесе лавови.

Харков долго време е под руски воздушни напади, кои ги уништија оградените области, а животните може да бидат еутаназирани.

Белите лавови имаат шест години, речиси месец и половина се во тесна соба. Како резултат на тоа, животните имаат чиреви и гребнатини, и видливи траги од стрес од гранатирање.

Белиот лав е мутиран вид на лав. Тие се ретки по природа и можат да се најдат главно во зоолошките градини.

„Мислам дека ќе ги воодушеви нашите посетители кога целосно ќе закрепнат. Животните се величествени, имаат многу добар карактер, мирни се, но и арогантни. Лавот е вистинскиот крал на животните“, изјави Бељаков за новинската агенција „Анадолија“.

Тој објасни дека белата боја е само варијација на бојата, додавајќи дека белите лавови се многу големи животни, особено мажјаците и дека по големина се сосема различни од обичните лавови.

Слични содржини