Беливук се појави во судница: Фотографиите од викендицата се фотошоп, машината за мелење месо е донесена подоцна

од Nikola Popovski
286 прегледи

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи прелиминарното рочиште против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите обвинети од озлогласениот клан Беливук. Обвинетите дадоа изјави за доказите на обвинителството, а Миљковиќ и Беливук ја искористиле приликата да ги коментираат.

Беливук тврдел дека фотографиите против нив биле фотошопирани. Тој истакнал и дека машината за мелење месо во која, според тврдењата на обвинителството, обвинетите ги мелеле жртвите, потоа била донесена во викендицата во Ритопек.

„Машината е три до четири пати поголема од димензиите на вратата на таа просторија каде што обвинителот тврди дека е пронајдена. Не може да помине низ тој отвор и не е пронајдена таму, била донесена. ДНК можел да донесе било кој и да подметне. Со денови таму шетаа форензичари и министерот Вулин се сликаше. Затоа барам судот да го види предметот познат како „убиство на шини“ за да видите што е направено таму со ДНК трагите. Замислете што се прави во овој случај“, рекол Беливук, пишува српска „Нова“.

При своето излагање тој ја споменал и српската министерка за правда Маја Поповиќ.

„Ќе ја докажеме нашата невиност, иако министерката за правда јавно не осуди на смртна казна. Таа се поправи дури подоцна, кога вниманието и го привлече она што го кажа. Психологијата вели дека секое живо суштество ја следи линијата на најмал отпор. Сведоците кои соработуваат се принудени да лажат, биле одведени во изолација наводно поради Ковид-19. На сведоците им се заканувале при апсењето и сослушувањето, а обвинетиот Шејиќ бил удрен во стомакот во СБПОК“, додал Беливук.

Слични содржини