352
Состојки:
– 500 гр пилешко бело месо
– 2 зелени пиперки
– 1 црвена пиперка
– 200 мл павлака за готвење
– 1 полна лажичка кари
– 2 лажици маслиново масло
– сол, бибер
– сув билен зачин
Подготовка:
Пилешкото исечкајте го на коцки, а пиперките на стапчиња. Динстајте го месото, без масло, додека не ја впие целата своја течност.
Додадете маслиново масло и пропржете го пилешкото, а потоа додадете ги пиперките.
Динстајте сè заедно околу пет минути.
Истурете ја павлаката за готвење и сè добро измешајте.
Потоа додадете кари, сол, бибер и зачини со суви билки. Динстајте уште 10 минути за да се згусне сосот.
Послужете со ориз.