Белорусија: Неутрализиран странец кој планирал терористички напад

од Radmila Tasevska
140 прегледи

Комитетот за државна безбедност на Белорусија (КГБ) соопшти дека службата денес „неутрализирала“ вооружен странец во Гродно, град кој се наоѓа во близина на границите со Полска и Литванија, кој влегол во Белорусија за да изврши терористички напад.

Во соопштението на КГБ се додава дека странецот имал автоматска пушка и рачни гранати, како и дека давал отпор на припадниците на безбедносните сили на Белорусија, пренесува ТАСС.

КГБ го „неутрализирала“ вооружениот странец, а при оваа акција не биле повредени ниту припадници на безбедносните сили, ниту цивили.

Слични содржини