Белорусија нема да учествува на „Евровизија“ оваа година, бидејќи новата песна исто така не ги исполнува критериумите за натпреварување, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
„Со оглед на тоа што белорускиот радиодифузер БТРК не можеше да аплицира за учество долго време, за жал Белорусија нема да учествува на 65. „Евровизија“ во мај“, се вели во организацијата во соопштението објавено на Твитер.
Statement from the @EBU_HQ regarding Belarus and the Eurovision Song Contest 2021.https://t.co/qvmyjxqAq4 pic.twitter.com/2Au8HKb1Ad
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) March 26, 2021
Организаторите изјавија дека внимателно ја проучувале новата пријава, поднесена од Белорусија, и заклучиле дека „таа исто така ги крши правилата што гарантираат дека натпреварот не се користи во ничиј интерес или дискредитиран“.
Претходно, организаторите на „Евровизија“ предложија Белорусија да ја замени песната „Ќе ве научам“ од групата „Галаси Зместа“, поради политичката конотација. Песната е избришана од каналот на конкурсот на YouTube.
Претседателот на белорускиот државен холдинг БТРК, член на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и организатор на националниот проект за избор на „Евровизија“, Иван Еизмонт, рече дека е избрана нова песна за натпреварот, што наскоро планирале да ја испратат на ЕБУ.