Белоруските власти го блокираа пристапот до мрежите на водечките опозициски медиуми и уапсија неколку новинари.
Загрозувањето на слободата на медиумите и новинарите во Белорусија зема замав, објави „Еуроњуз“.
Веб-адресата на белорускиот портал „Наша Нива“ била недостапна за корисниците на Интернет низ цела Европа, а белоруското Министерство за информации потврди дека е одлучено да се ограничи пристапот до тој портал, кој обвинителството го нарече „место за ширење неточни информации“.
„Наша Нива“ преку апликацијата „Телеграм“ објави дека изгубила контакт со неколку свои новинари, вклучително и главниот уредник.
„Не можеме да контактираме со уредничкиот одбор, вклучувајќи го и главниот уредник Ехор Марцинович“, се вели во соопштението на порталот на Телеграм.
Апсењето на главниот уредник подоцна беше потврдено на неговиот Фејсбук профил од неговата сопруга.
Белоруската асоцијација на новинари објави дека е уапсен и уредникот на информативниот портал „orsha.eu“, а веб-страницата и на тој портал исто така е блокирана.