Андриј Загородњук, поранешен украински министер за одбрана, вели дека Белорусија се подготвува да и објави војна на Украина, пишува Гардијан.

„Многу е веројатно Република Белорусија да се приклучи на руската војна против Украина. На руска страна. Има информации за качување на десантни трупи од Република Белорусија во авиони за влез во Украина“, рече тој.

Тој додаде дека ова е ужасен развој на настаните.

„Ова е ужасен развој на настаните бидејќи вклучува земја која до неодамна беше голем пријател на Украина, чиј народ ги сметаше Украинците за братски народ“, рече тој.

Тој истакнува дека Украина и Белорусија никогаш не се бореле една против друга во нивната долга историја.

„Сметаме дека единствената причина за таа одлука беше личната позиција на претседателот на Белорусија, кој зависи од Путин во неговата политика“, додаде Загородњук.

Слични содржини