Белорусија ќе дозволи транспорт на украинско жито преку нејзина територија

од Vladimir Zorba
127 прегледи

БЕЛОРУСИЈА им соопштиле на ОН дека ќе се согласи, без никакви услови, за транзит на украинско жито преку нејзина територија за да може да се извезува преку литванските пристаништа, изјави портпаролот на ОН.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска во Њујорк се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Белорусија Јури Амбражевиќ, изјави по средбата портпаролот Стефан Дујарик.

Амбражевиќ, исто така, „ги повтори барањата на неговата влада да може да извезува сопствени ѓубрива, кои во моментов се под санкции“, рече тој.

Слични содржини