Белоруска атлетичарка не сака да се врати во својата земја (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
398 прегледи

Кристина Тимановскаја, белоруска спортистка, не сака да се врати во својата земја, откако доживеа голема непријатност во Токио.

Медиумите пренесуваат дека Кристина го критикувала раководството на нејзината репрезентација, а потоа наводно се појавиле тренерите и се обиделе да ја вратат на сила.

„Нема да се вратам во Белорусија“, рече Тимановскаја преку апликацијата Телеграм, додека истото го изјави за Ројтерс од аеродромот Ханеда.

Таа побара помош и од јапонската полиција за да не мора да лета во својата земја. На 2 август, според распоредот, таа треба да трча квалификации на 200 метри.

Три дена подоцна, таа требаше да настапи во штафетата 4 × 400 метри. Атлетичарката тврди дека ја регистрирале за таа трка предоцна. Дури откако беше утврдено дека другите членови на атлетскиот тим нема да можат да настапат поради прекршување на процедурата за допинг.

„Некои од нашите спортисти не отпатуваа во Токио да се натпреваруваат во штафетата 4 × 400 метри, бидејќи немаа доволно допинг тестови“, изјави Тимановскаја за Ројтерс.

Нејзината ситуација сега е незавидна, а таа исто така изјави дека планира да поднесе барање за азил во Европа.

„Тренерот ме стави во штафетниот тим, иако не ме праша, и јас јавно зборував за тоа. Тогаш тренерот ми рече дека од повисока инстанца ми наредиле да си заминам “, вели Кристина.

Новинарката Хана Љубакова објави видео каде Тимановскаја е придружена од двајца членови на белоруската олимписка делегација. Таа, исто така, изјави дека сето тоа изгледа како киднапирање.

„Медиумите пишуваат дека Тимановскаја, која јавно го критикуваше системот и спортски службеници од Токио, ја враќаат во Белорусија. Претставници на белоруската атлетска екипа ја однесоа на аеродром. Ова изгледа како киднапирање … Кога ја прашаа дали се плаши да се врати во Белорусија, таа рече дека се плаши“, изјави Љубакова преку социјалните мрежи.

Олимпискиот комитет на Белорусија не го коментираше ова прашање и инцидентот, а Кристина, според белоруските новинари, планира азил во Австрија.

Слични содржини