Белоруски опозиционер се обиде да се самоубие на судење (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
242 прегледи

Белорускиот активист Степан Латипов се обиде да изврши самоубиство денес за време на судското рочиште во Минск, во знак на протест против заканата на владата да го гони неговото семејство.

Латипов се повредил во пределот на вратот за време на судското рочиште додека седел во местото за обвинетиот, објави Центарот за човекови права Вијасна во Белорусија.

Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат дека чуварите на Латипов се обидуваат да го извлечат од ќелијата додека лежи неподвижен.

Подоцна бил хоспитализиран и ставен во индуцирана кома, соопштила Висана.

Пред да се повреди, Латипов му потврди на својот татко дека за време на судењето, истражителите се заканиле дека ќе отворат кривични случаи против неговите роднини и соработници, доколку тој не се изјасни за виновен.

Латипов е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир, отпор кон полицијата и други дејствија што се казнуваат со затвор до 10 години. Тој се наоѓа во затвор од септември, кога беше уапсен за време на масовните протести против претседателот Александар Лукашенко.

Протестите ги започна опозицијата откако Лукашенко го освои шестиот мандат на изборите во август, што опозицијата не го призна, тврдејќи дека се наместени.

Слични содржини