63
Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата со Украина за да ја зајакнат групацијата на војници за да одговорат на можни провокации, соопшти денеска прес-службата на Министерството за одбрана на Белорусија.
Во соопштението се наведува дека единиците на една од белоруските механизирани формации се подготвени за извршување на планираните задачи, пренесува агенцијата Интерфакс.
„Воениот персонал товари воена опрема во железничкиот транспорт и започнува комбиниран марш до одредени зони“, соопшти белоруското Министерство.