Белоруски товарен авион се урнал во обид да слета во источна Русија, при што загинаа најмалку четири од седумте лица во него, соопштија официјални лица.
Авионот се запалил при падот и се верува дека сите во него се мртви.
Припадниците на руската служба за итни случаи изјавија дека спасувачите пронашле четири тела по падот на авионот Ан-12, сопственост на белоруската компанија Гродно, во Иркутск во источен Сибир.
Компанијата, која е сопственик на авионот, соопшти дека во авионот имало седум лица.
Авионот летал од Билибин во регионот Чукотка во североисточна Русија и застанал во Јакутск пред да го продолжи патувањето кон Иркутск.
Руските медиуми јавуваат дека тој се урнал додека се обидувал да слета по втор пат по неуспешниот прв пат. Засега не е позната причината за несреќата.