Белорускиот опозициски политичар Цепкало осуден во отсуство на 17 години затвор

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Белорускиот суд денеска во отсуство го осуди на 17 години затвор опозицискиот лидер и поранешен сојузник на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, Валери Цепкало.

Цепкало беше прогласен за виновен, меѓу другото, за формирање екстремистичка група, дискредитација на белоруската држава, повикување на преземање на власта во Белорусија, клевета и навреда на претседателот на државата.

Врз основа на пресудата, Цепкало ќе треба да плати околу 14.000 долари отштета, а му е забрането да извршува јавна функција во следните пет години, пренесува АП.

Слични содржини