Белоруските полициски сили брутални кон демонстрантите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Повеќе од 900 лица беа уапсени денес низ Белорусија на нови демонстрации чии учесници бараат оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко, објави групата за човекови права „Весна“.

Групата во претходниот извештај рече дека 500 лица биле уапсени. Таа додаде дека апсењата биле извршени во Минск, Витебск и Гомељ.

Полицијата со шок бомби, солзавец и водени топови се обидоа да го скршат денешниот протест на илјадници демонстранти во Минск.

Белорусите на социјалните мрежи изјавија дека имало судири меѓу граѓаните и полицијата во дворовите на зградите.

Лидерот на опозицијата Светлана Тихановскаја, која се засолни во Литванија веднаш по изборите за да избегне апсење, напиша на Твитер дека Лукашенко денес употребил „солзавец, шок-бомби и огнено оружје“ против демонстрантите и дека има „многу повредени“.