Веројатно и понатаму би пиел, а почнав да пијам бидејќи паднав во рутина и се чувствував заробен во бракот со Џенифер Гарнер, изјави неодамна Бен Афлек (49). Актерот имал проблеми со алкохолот и во 2018 година замина на рехабилитација.
– Не можев да заминам поради децата, но не бев среќен. Што требаше да направам? Па, тогаш би испил цело шише виски и ќе заспијам на каучот, што не беше решение за проблемот – рече тој.
Тој беше во брак со Гарнер (49) од 2005 до 2018 година и сакаа да го спасат бракот за доброто на трите деца, ќерката Вајолет (16) и Серафин Роуз Елизабет (12) и синот Семјуел (9).
– Се трудевме и се трудевме за доброто на децата, но и двајцата чувствувавме дека не сакаме децата да мислат дека вака треба да изгледа бракот. И сè што сте прочитале за нашиот брак е гадно. Вистината е дека ни требаше малку време, дека донесовме одлука и се разделивме. Имавме брак кој не успеа. Се случува. Таа е личност која ја сакам и почитувам, но со која повеќе не можев да бидам во брак – објаснил тој.
Од пролетта оваа година Бен е во врска со Џенифер Лопез (52) со која беше свршен пред да заплови во врска со Гарнер.