Бен Афлек го промени својот изглед по разводот со Џенифер Лопез

од Nikola Popovski
430 прегледи

По разводот со Џенифер Лопез, Бен Афлек реши да го промени својот изглед. Имено, папараците го фотографирале во Санта Моника со свежо бојадисана брада.

Оваа мала, но значајна промена во изгледот беше причина за бројни коментари од корисниците на социјалните мрежи. На повеќето луѓе не им се допаѓа и мислат дека треба да се врати како што беше.

„Воопшто не ми се допаѓа неговата брада“, „Зошто му требаше ова?“, „Мислев дека е убав, но оваа бојадисана брада не му одговара“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Откако Џенифер Лопез и Бен Афлек решија да се разведат, тој изнајми куќа чија месечна кирија е 100.000 долари. Двајца неодамна ја ставија на продажба својата палата на Беверли Хилс која се продава по цена од 84 милиони долари.

Извори за американските медиуми во неколку наврати изјавиле дека оваа позната двојка не можела да опстане поради постојаните несогласувања, но се чини дека сепак успеале да останат во добри односи.

Тие неодамна беа фотографирани на ручек во хотел во Беверли Хилс, на кој им се придружиле и нивните деца.

Слични содржини