Бен Афлек и Џенифер Гарнер не го кријат разочарувањето – ќерката Вајолет јавно им го сврте грбот

од Vladimir Zorba
273 прегледи

За потценување е да се каже дека Бен Афлек и Џенифер Гарнер останале збунети кога разбрале дека нивната најстара ќерка, Вајолет Афлек, има намера да продолжи да ги негува односите со поранешната сопруга на својот татко – Џенифер Лопез, како и со нејзиното пошироко семејство.

Според добро информиран извор, Бен и Џенифер немале поим дека нивната ќерка ќе го помине викендот со Линда Лопез, сестрата на Џенифер Лопез, која се пофалила со се на својот Инстаграм профил.

53-годишната Линда објави селфи со 18-годишната студентка од Јеил, откривајќи дека двете го поминале викендот заедно на кампусот.

Вајолет, која веќе е фотографирана во друштво на сега веќе поранешната маќеа, по разводот на нејзиниот татко со Лопез, е решена да одржува контакт со латино дивата и нејзиното семејство.

„Вајолет е навистина блиска со Џеј Ло и нејзиното семејство, и тоа е прилично збунувачки за Бен и Џен бидејќи не разбираат зошто Вајолет е толку категорична да ја одржува таа блискост. Џеј Ло и Линда се нејзини примери, па таа има намера да одржува врска со нив“, открил добро информиран извор.

Афлек и Гарнер добро знаат дека Вајолет е доволно возрасна за сама да одлучи со кого сака, а со кого не да се дружи, но им пречело што ваквите моменти се споделуваа на интернет.

„Бен првпат ја виде оваа фотографија на интернет и немаше поим дека Линда ја посетила. Но, Вајолет е возрасна и ѝ е дозволено да прави што сака и да поминува време со кој сака. На Бен и Џен не им пречи што Линда и Вајолет поминуваат време заедно, па дури и што направија симпатична заедничка фотографија, но мислат дека не требало да биде објавена на интернет за да ја види целиот свет“, велат добро упатени извори, цитирани од американските медиуми.

Слични содржини