Бен Афлек и Мет Дејмон обвинети за малтретирање и следење

од Stefanija Kuzmanovska
429 прегледи

Адвокатка од Њујорк, кој не сакала да биде откриен нејзиниот идентитет, ги тужи актерите Бен Афлек и Мет Дејмон за малтретирање и следење.

Во оваа тужба, жената тврди дека Бен Афлек и Мет Дејмон го користеле нејзиниот идентитет и личните искуства за потребите на нивни филмови, без нејзина дозвола.

Актерското дуо е обвинето дека ѝ го прислушкувале домот и ѝ хакирале уреди, поради што се плашела дека ќе биде киднапирана и силувана.

Овој случај, во најмала рака, ја разбранува јавноста, но и актерскиот свет. Како што навела жената во тужбата до која ексклузивно дојде „Дејли Мејл“, неколку филмови, како што се „Слугинката на Менхетен“ и „Исчезната девојка“, содржат елементи преземени од нејзиниот приватен живот.

Во тужбата, поднесена во Врховниот суд на Њујорк, се именувани и Кејси Афлек, Џенифер Лопез, Кевин Смит, Рајан Сикрест и Харви Вајнстин како соучесници во наводниот плагијат и лични настани без да бидат проверени информациите.

Во 2001 година, наводната жртва стана дел од веб-страницата основана од Мет Дејмон и Бен Афлек, наречена „Проект Гринлајт“.

Оваа страница е создадена за писателите да можат да се соберат и да разговараат за нивните идеи.

Како што тврди оштетената, идеите што таа ги презентирала тогаш биле искористени без нејзино одобрение.

Слични содржини