Бен Афлек им држи лекција на децата: Пари не паѓаат од небо

од Љубиша Владимиров
38 прегледи

Холивудската ѕвезда Бен Афлек го привлече вниманието на јавноста со својот неочекуван став за воспитувањето на децата. Актерот, чие богатство се проценува на 150 милиони долари, решил на своите деца да им одржи лекција за вредноста на парите.

„Јас сум со пари, а вие сте шупливи – ни денар немате“, рече Бен Афлек за време на гостувањето во „Тудеј со Џена и пријателите“, раскажувајќи за разговорот со неговиот 13-годишен син Семјуел, кога тој побарал патики што чинат неверојатни 6.000 долари.

Актерот објасни дека чувствува дека им прави лоша услуга на децата ако не ги научи дека мора да работат за она што го сакаат. „Тој ги сакаше тие патики, а јас реков: ‘Овие патики чинат 6.000 долари, што зборуваш? Што ќе правиш, ќе косиш тревници?’“, се присетува Афлек.

Станува збор за моделот Dior Air Jordan 1, кој првично чинеше 2.000 долари, но како колекционерски артикл достигна многу повисока цена.

Покрај Семјуел, Афлек има уште две деца со поранешната сопруга Џенифер Гарнер — 19-годишната Вајолет и 16-годишната Фин (порано позната како Серафина). Според него, постарите деца веќе ја прифатиле неговата филозофија и си нашле работа.

„Едното штотуку се вработи — класична тинејџерска работа во самопослуга“, се пофали Афлек, додавајќи дека неговото најстаро дете е на факултет, работи и се обидува да добие пракса за летото.

Слични содржини