Бен Афлек изјави дека овој негов филм го прогонува: „Ужасен е“

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Бен Афлек се прослави со бројни актерски и режисерски изданија, а многу од нив добија пофалби од публиката и критиката, но актерот изјави дека еден од филмовите што ги режирал бил „ужасен“, пишува „Index“.

Станува збор за првиот режисерски напор на Афлек, краток сатиричен филм од 1993 година наречен I Killed My Lesbian Wife, Hung Her on a Meat Hook, and Now I Have a Three-Picture Deal at Disney, пренесува Far Out Magazine.

Заплетот на филмот следи серија актери, но сè се врти околу режисерот Ричи Диден кој се чувствува изневерен од хомосексуалноста на неговата сопруга, која ја убива, а пред тоа и раскажува за младата актерка Сенди која ќе ја игра насловната улога во неговиот нов проект.

На прашањето за овој филм, Бен Афлек изјави дека не се гордее со овој проект.

„Ужасен е. Знаев дека сакам да бидам режисер и снимив неколку кратки филмови, но овој е единствениот што ме прогонува“, изјави тој за Entertainment Weekly.

Додаде дека овој краток филм изгледа „како да е направен од некој кој нема перспектива“.

Слични содржини