Актерот Бен Афлек и неговата девојка, продуцентот Линдзи Шукус, повторно се разделија –
помалку од два месеци по продолжувањето на нивната романса, објавија „Контактмјузик“

Педесет и шестгодишниот Афлек и 38-годишната Шукус се собраа повторно минатиот месец, по
околу седум месеци, по една година односи. Двојката се раздели во август минатата година,
непосредно пред актерот повторно да влезе во клиника за да се лекува од алкохолизам, потсетува
изданието.
Сега неименувани извори, цитирани од списанието „Пипл“, откриваат дека иако шансата, која
повторно си ја дале, Бен Афлек и Линдзи Шукус сфатиле дека работите меѓу нив нема да се
подобрат и решиле да се разделат. Како клучен фактор за нивното одвојување, тие укажуваат на
растојанието, што ги разделува.
„Линдзи има дете, поранешен сопруг и работа во Њујорк, а семејството и работата на Бен се во Лос
Анџелес. Иако се сакаат и почитуваат, тие сфатија дека работите меѓу нив нема да излезат. Сепак
Бен и Линдзи ќе ја сочуваат засекогаш љубовта еден кон друг“, откриваат извори.