Бен Афлек со венчален прстен на снимањето на новиот филм „Animals“

од Vladimir Zorba
355 прегледи

Бен Афлек е фотографиран со венчален прстен на левата рака на снимањето на претстојниот филм „Animals“, кој го привлече вниманието на медиумите и обожавателите.

Камерите го фатија на пауза од снимањето, а златниот прстен јасно се гледаше. Иако многумина мислеа дека Бен решил да го задржи венчалниот прстен и по разводот со Џенифер Лопез, подоцна било објаснето дека прстенот всушност бил само дел од неговата улога во филмот.

Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа на 21 февруари оваа година. Според судските документи, нивниот развод бил одобрен на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање за развод. Двојката уште во септември се договорила со посредство и на тој начин избегнала долготрајна судска битка.

Актерот за прв пат проговори за својот развод. Во интервјуто за априлското издание на магазинот GQ, тој ја пофали Лопез, велејќи дека таа се справила со славата подобро од него.

„По природа сум нешто поповлечен и поприватен од неа. Како што често се случува во врските, не секогаш го имате истиот став кон таквите работи. И затоа помислив – интересно е, како ги усогласувате овие разлики? Затоа што ја сакам и поддржувам таа личност. Верувам во неа. Таа е извонредна. И сакам луѓето да го видат тоа“, рекол Афлек.

Тој за самото раскинување рече: „Луѓето често сакаат да ја најдат главната причина или некоја драма во раскинувањето. Но, искрено, вистината е многу поприземна, обична и можеби помалку интересна отколку што би очекувале луѓето. Нема скандал, нема сапунска опера, нема интриги. Кога некој ќе ве праша „еј, што се случи“, навистина нема конкретен одговор. Тоа е само приказна за двајца луѓе кои се обидуваат да се откријат себеси и нивните односи – како што правиме сите ние“.

Слични содржини