Бен зборува за Џеј Ло: „Нашата љубовна приказна е…“

од Vladimir Zorba
467 прегледи

Џенифер Лопез и Бен Афлек веќе некое време не кријат дека се пар.

Двајцата изгледаат навистина заљубено и како нивното обединување по 17 години пауза да е само прашање на време и сега се чувствуваат точно таму, каде што им е местото.

Актерите не ја пропуштаат можноста да зборуваат љубезно еден за друг. Тоа го направи Афлек во своето ново интервју за WSJ. Тој го опиша своето обединување со Лопез како „прекрасно“.

Исто така, актерот и режисер објасни дека во моментот чувствува дека навистина е тоа што е – не е совршен, но тој е „некој кој напорно се труди и сака да биде искрен, автентичен и одговорен“.

Вљубениот Бен својата љубовна приказна со Џеј Ло ја нарекува „одлична“ и не ја исклучува можноста еден ден да ја раскаже, па дури и да ја напише. А сега дозволува другите да зборуваат за нив.

Афлек признава дека една од најтешките лекции што ги научил во животот е дека не треба да споделува се со светот. Затоа претпочита да не одговара на шпекулациите и само тој и Џенифер да знаат што навистина се случува меѓу нив.

За него тоа се „здрави граници“ со кои денес се чувствува удобно.

Затоа тој чисто пријателски изјави за публикацијата дека не сака да зборува за својот личен живот и дека ќе „покаже воздржаност“ на оваа тема.

Сепак, Афлек не пропушти да се дефинира како среќник бидејќи добива втора шанса и е свесен дека некои луѓе не добиваат ниту една. Животот може му е тежок, но важно е да ги извлече лекциите од неуспесите за да не ги повтори следниот пат. И очигледно сега се е поинаку и многу подобро.

Слични содржини