369
Преговорите на ЗНАМ со ВМРО-ДПМНЕ се во финална фаза, изјави Весна Бендевска при гостувањето на ТВ Сител.
– На тој начин многу сериозно пристапивме во овие преговори. Преговорите официјално ги започнавме во саботата, ја известивме јавноста бидејќи ветивме дека ќе известуваме транспарентно за преговарачкиот процес, но во краток период условно да кажам веќе можеме да кажеме дека во очи на утрешната собраниска конститутивна седница преговорите меѓу Движењето ЗНАМ за наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза, рече Бендевска.
Во коментар на објавите во медиумите дека ЗНАМ ќе ги добие ресорите администрација и правда, Бендевска наведе дека не разговарале конкретно за ресори.