Бендот The Killers се извини за скандалот на концерт: Поканија руски фан на сцената: „Тој е ваш брат“

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Американската рок група „The Killers“ денеска упати јавно извинување откако нејзиниот фронтмен Брендон Флауерс покани руски обожавател на сцената за време на концертот во Грузија.

За време на настапот, Флауерс покани обожавател од публиката да свири на тапани на песната „Reasons Unknown“, што е веќе традиционална практика на групата, јавува Би-Би-Си. Пејачот ѝ порача на публиката да го третираат тапанарот како свој „брат“, што беше придружено со свирежи од дел од публиката, а некои дури и го напуштија концертот.

„Добри луѓе на Грузија, никогаш не ни беше намера да навредиме некого. Разбираме дека коментарот, кој би требало да сугерира дека сите луѓе во публиката и обожавателите на The Killers се ‘браќа и сестри’, може да биде погрешно протолкуван“, се вели во соопштението на рок групата.

Грузија стекна независност од Русија во 1991 година и има долга историја на затегнати односи со Москва.

Во август 2008 година, Русија ја нападна Грузија и дел од оваа поранешна советска република сè уште е под руска контрола.

Слични содржини