Бенефиции од зелените ленти: „Отворен Балкан“ ја олеснува трговијата и бирократските процедури на граница

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Од годинава на граничниот премин Табановце – Прешево и Ќафасан – Ќафтане се отворени посебни приоритетни ленти за стоки и компании со Овластен Економски Оператор (ОЕО) од земјите од Отворен Балкан. Досега во Македонија ваков сертификат имаа 24 компании, а пред две недели ваков статус доби и најголемиот македонски производител и извозник на сувомеснати производи, „Пекабеско“ АД Скопје со што стана 25. компанија која има воспоставено контрола над процесите на своето работење.

За директорот на „Пекабеско“, Слободан Кутревски, со добивањето на ваков ОЕО сертификат компанијата докажала дека стандардите на безбедност и сигурност се безусловен принцип на работење, вклучувајќи го и сегментот реализација на царинските активности,пишува Агро тим.

Тој рече дека поволностите од ова одобрение, ќе дадат дополнителен квалитет и на трговско –економските релации и ќе се олесни трговијата и во пошироки регионални рамки.

„Нашата компанија повеќе од 5 години има фирма претставничка во Србија. Три и пол години се мачевме со граничните ветеринарни контроли и анализи на нашите производи, од нуклеарни до најобични, хемиски или микробиолошки анализи, што знаеја да траат и да се чекаат резултати по неколку дена, а во меѓувреме, камионите ни беа задржани на граница“, вели Кутревски, дури и се правеле анализи на стоката што била транзит и за Босна и Херцеговина.

Тој вели дека постојано поднесувале приговори за ваквите долги процедури и чекањето на граничните терминали, но се до пред година и пол, кога започна иницијативата Отворен Балкан, сето тоа немало позитивен ефект.

Слични содржини