Бенјамин Нетанјаху: Поранешниот муфтија на Ерусалим стои зад одлуката на Хитлер да ги уништи Евреите

од desk3
112 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предизвика скандал, тврдејќи дека муфтијата на Ерусалим Амин ал Хусеин е оној кој ги “пуштил мувите” за уништување на европските Евреи во главите на Адолф Хитлер.

Нацистички фирерот, истакнал Нетанјаху, немал намера да убива Евреите, туку само да ги протера, информира израелското издание “Аарец”.

Image_5062341_407

Во говорот пред Светскиот ционистичкиот конгрес во Ерусалим Нетанјаху ја опиша средбата меѓу Хусеин и Хитлер во ноември 1941 година на следниов начин: “Хитлер не сакаше да ги ликвидира Евреите во тоа време, тој сакаше да ги протера. А хаџи Амин ал Хусеин отишол кај Хитлер и изјавил: ‘Ако ги избрка, сите тие ќе дојдат тука (во Палестина)’. Според Нетанјаху Хитлер тогаш запрашал: “Што треба да направам со нив?”, А муфтијата одговорил: “Изгори ги.”

Коментарите на Нетанјаху предизвикаа бура на социјалните мрежи, иако израелскиот премиер ги произнел тврдења и за време на говорот пред израелскиот парламент, Кнесетот, каде го опишал Хусеин како “еден од водечките архитекти” на “конечното решение” на еврејското прашање (масакрот на Евреите ).

Тврдењето дека Хусеин бил иницијатор на уништувањето на европските Евреи, беше проучувана од голем број истражувачи на холокаустот и беа сметани за маргинални, но тоа беше отфрлено од најавторитетните и признати историчари.

Аргументот за улогата на Хусеин неодамна бил споменат во книгата на Бери Рубин и Волфганг Шваниц “Нацистите, исламистите и создавањето на модерниот Блиски Исток”.

Авторите, слично на Нетанјаху, прават директна врска меѓу поддршката на муфтијата за Хитлер и политиката на Организацијата за ослободување на Палестина под управувањето на Јасер Арафат.

 

Но дури и оние двајца истражувачи не тврдат дека дијалогот опишан од Нетанјаху, некогаш се одржал. Тие истакнуваат дека Хитлер стигнал до одлуката да се ликвидираат Евреите поради желбата да го задржи на своја страна Хусеин, кој се противел на трансферот на Евреите во актуелен Израел.