Bentley Bentayga Hybrid со поголема моќност и подолг домет

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Bentley претстави подобрена верзија на моделот Bentayga Hybrid за 2023 година.

Надградениот хибриден теренец од Crewe доби поголема моќност, подолг електричен опсег и два нови пакети на опрема кои беа преземени од моделот без хибридна технологија.

Под хаубата се наоѓа истиот 3.0-литарски V6 мотор со хибридна технологија во комбинација со електромотор од 100 kW, исто како и минатата година. Сепак, разликата е во батеријата, бидејќи Bentayga Hybrid сега има батерија со капацитет од 18 kWh наместо 13 kWh, а со тоа и електричниот опсег е зголемен од 40 на 43 km.

Исто така, има зголемување на моќноста, така што погонската единица сега испорачува 456 наместо 443 КС.

Bentayga Hybrid нуди уште два пакети опрема за моделската 2023 година, имено S и Azure. Hybrid S носи поагресивен изглед и перформанси, суспензијата е поцврста, „грип“ контролата е поагресивно поставена во Sport режимот, а има и нов издувен систем кој произведува „подлабок“ звук. Стандардниот Blackline пакет има сјајни црни наместо хромирани надворешни детали.

Bentayga Hybrid Azure значи повеќе луксуз, стандарден е пакетот Comfort на предните седишта, кој овозможува 22 начини на електронско прилагодување на предните седишта, а има и можност за греење и ладење. Кожата се карактеризира со шиење во облик на дијамант. Клиентите можат да избираат помеѓу 15 бои за кожа и три бои за украсување на дрво.

Двата пакета опрема ќе бидат достапни кога моделот од 2023 година ќе пристигне во салоните. Цените се уште не се објавени.

Слични содржини