Саудискиот принц Ал-Ууалид бин Талал ветил да им даде по едно ново “Бентли” на сите пилоти, кои учествуваат во бомбардирањето на Јемен. Милијардерот е подготвен да даде вкупно сто луксузни автомобили на учесниците во последните бомбардирања на Саудиска Арабија.
Принцот им честиташе на сите за мудроста и во знак на признание најави дарежлив подарок. Статистиката на Светската здравствена организација покажува дека за четири недели во Јемен се убиени 944 лица, а повредени се 3487 лица. Богатството на Бин Талал се проценува на 23 милијарди долари. Принцот поседува акции за 300 милиони долари на “Твитер”. Тој поседува акции и на корпорациите “Епл”, “Тајм Ворнер” и “Ситигруп”. Подоцна, по ширењето на веста, во некои саудиски медиуми се појави информација дека профилот на принцот на Твитер е пробиен. Официјални изјави сепак од кралскиот двор во оваа пригода нема .
