Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ги предупреди колегите од кинеското министерство дека поддршката на Пекинг за Москва негативно ќе влијае на постоечките политички односи и ги советуваше наместо тоа да се фокусираат на завршување на војната во Украина.
Зборувајќи во Пекинг, таа рече дека војната, која трае повеќе од илјада дена, го погодува целиот свет, а вклучува кинески беспилотни летала и севернокорејски трупи, пренесе „Гардијан“. Бербок рече дека дошла во Кина со цел да го направи мирот во Украина меѓународна цел.
„Секоја членка на Советот за безбедност на ОН сноси одговорност за мирот и безбедноста во светот“, порача таа.
Таа го препозна Путин како проблем и за Азија, нагласувајќи: „Со војната што ја започна против Украина, рускиот претседател не само што го загрозува европскиот мир, туку сега преку Северна Кореја во сето тоа ја вклучува Азија“.
Аналена Баербок разговараше со кинескиот министер Ванг Ји дека постапките на Путин и нивните последици секако не се во корист на Кина. Берлин веќе некое време се обидува да развие стратешки дијалог со Кина и да ги премости разликите.
Што се однесува до војната во Украина, Кина тврди дека е неутрална и за разлика од Америка и многу западни земји, никому не испратила помош. Од друга страна, западните земји сè уште ја гледаат Кина како политички и економски сојузник на Русија.
„Беспилотните летала од кинеските фабрики и севернокорејските трупи кои го загрозуваат мирот во Европа ги поткопуваат централните безбедносни интереси“, додаде германската министерка.