Бербок: ЕУ мора да го исполни даденото ветување на Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, денеска, во пресрет на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ во Брисел, истакна дека ЕУ не само што мора да продолжи да го поддржува Западен Балкан, туку мора и да го исполни даденото ветување дека ќе го внесе тој регион во Унијата.

Во изјавата за новинарите, Бербок рече дека поддршката за Западен Балкан ќе биде голема тема на денешната средба.

Посебно е познато дека Западен Балкан бил и останал изложен на притисокот и влијанието на Русија, смета министерката за надворешни работи на Германија.

Слични содржини